Скокна од покрив за да побегне од леопард
Леопард се појавил во село во Индија во близина на шумата Кантабанџи и почнал да ги напаѓа локалите жители.
Во еден момент животното завршило внатре во една зграда и припадниците на шумската служба се обидувале да го фатат. Еден од нив бил на покривот кога се појавило животното и е фатен на камера како скока во обид да се спаси.
По 12 часа леопардот бил фатен, но претходно повредил тројца.
Повредите за среќа не се опасни, а леопардот ќе биде префрлен во зоолошкаа градина во Бубанешвар.