Скокнаа цените на нафтата

Цените на нафтата се зголемија денеска до 74 долари на меѓународните пазари, бидејќи падот на залихите во САД сигнализираше силна побарувачка, по објавувањето на САД за царини за купувачите на барели од Венецуела, кои би можеле да ја намалат понудата.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 88 центи повисока од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 73,90 долари. Речиси исто толку порасна цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 69,94 долари.

Трговците беа загрижени оваа недела од најавата на САД за царини за земјите кои купуваат нафта и гас од Венецуела.

Во понеделникот, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се овластува Кабинетот да воведе царини од 25 отсто за сите увозни производи.

„Секундарната царина“ ќе се воведува од 2 април, објави американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social, оправдувајќи ја одлуката со тврдењето дека Венецуела испратила „десетици илјади“ луѓе од „многу насилна природа“ во САД.

Најголеми купувачи на венецуелска нафта во февруари беа Кина и САД, според компанијата за следење на бродови Кплер, но Вашингтон оттогаш му нареди на Шеврон да ги прекине операциите во Венецуела до почетокот на јуни.

Кинеските купувања на венецуелска нафта беа запрени во вторникот, при што трговците и рафинерите изјавија дека го чекаат следниот потег на Вашингтон и инструкциите од Пекинг.

Венецуела потенцијално би можела да изгуби 4,9 милијарди долари приход, што е повеќе од половина од извозот на нафта или повеќе од 10 отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП), велат аналитичарите.

„Снабдувањето е тесно на физичките пазари бидејќи бранот американски санкции ги пренасочи пратките“, рече Ешли Келти, аналитичарка на Panmure Liberum.

Минатата недела Вашингтон, исто така, воведе санкции за независната кинеска рафинерија Shouguang Luqing Petrochemical и пристанишните терминали за купување иранска нафта.

Шпекулациите за намалената понуда следеа по податоците што сигнализираа силна побарувачка во САД.

Залихите на сирова нафта паднаа за 3,3 милиони барели минатата недела, а залихите на бензин за 1,4 милиони барели, објави Министерството за енергетика. Незначително паднаа и залихите на дестилати, за 420 илјади барели.

Посилниот раст на цените беше попречен од шпекулациите дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници пумпаат повеќе нафта на пазарот.

ОПЕК + можеби го зголемува производството во очекување на можни санкции на САД, со што делумно компензира за загубата до 1,5 милиони барели дневно од иранскиот извоз, додека ја зачувува стабилноста на цените, шпекулира Хорхе Леон од Rystad Energy.

Групацијата веќе објави дека од април ќе пушти дополнителни околу 138.000 барели нафта дневно на пазарот.

ОПЕК одделно објави дека барел од кошничката нафта на нејзините членки во вторникот поскапе за 63 центи на 75,74 долари.

Тагови
реклама

Мурињо шокираше: Требало да го наследи Фергусон, па му се јавил во солзи и сè пропаднало

Read more

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија, покажа холандска анализа

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Бизнис

Просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67%

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка е непроменета – и натаму постои висока неизвесност

Read more

Која е Ikarus, компанијата што за Скопје ќе произведе 100 нови електрични автобуси?

Read more

Volkswagen објави извештај и го потврди она што долго време се шпекулираше: Гигантот е во сериозна криза

Read more

Вести

СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за 35 години независност

Читај повеќе

Западна Европа ги руши рекордите за температура

Читај повеќе

Сончево време со температура до 40 степени

Читај повеќе

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија, покажа холандска анализа

Читај повеќе

Зеленски: Путин подготвува тајна мобилизација и носи десетици илјади Севернокорејци

Читај повеќе

Во Охрид почнува Силно светнал ден – бесплатен музички спектакл со 30 македонски изведувачи

Читај повеќе

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Читај повеќе
  • filter

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Читај повеќе

Црвена тревога во Грција: Прогласено највисоко ниво на подготвеност поради пожари

Читај повеќе