Скола на 40 години растури во Кина, па сега го бара Реал

Легендарниот аргентински центар е пред враќање во Европа бидејќи Реал Мадрид сака да направи победничка аргентинска четворка додавајќи го ветеранот на Кампасо, Лапровитола и Дек.

Скола, кој веќе наполни 40 години и моментално игра за кинескиот клуб Шанхај Шаркс, може да се врати на Стариот континент бидејќи за него интерес пројави кралскиот клуб од Мадрид.

И покрај поодминатата возраст, Скола на Мундијалот во Кина покажа дека за него времето како да стои. Ја донесе Аргентина до финале, а во просек постигнуваше 17,9 поени, 8,1 скокови и 1,8 асистенции.

Реал не за џабе го бара. Во клубот моментално се неговите репрезентативни колеги Факундо Кампасо, Николас Лапровитола и Габриел Дек. „Кралевите“ ја знаат победничката формула.

Скола последен пат во Европа беше во 2007 кога настапуваше за Тау Серамика, сегашна Басконија. Токму тој клуб може да му направи пороблем. Имено, кога Скола премина во НБА потпиша клаузула со баскискиот тим според која доколку добие понуда од Европа сегашна Басконија има право да ја израмни и автоматски Скола да мора да оди кај нив.

Во НБА тој почна од Хјустон Рокитс, а потоа играше и за Феникс Санс, Индијана Пејсерс, Торонто Репторс и Бруклин Нетс. Кариерата ја почна во аргентинскиот Феро Карил Оесте.

реклама

Познато од кои делови на Скопје се денешните новозаразени

Read more

Филипче: Се координираме со соседите за отворање на границите, најверојатно нема да се бараат тестови

Read more

SpaceX и НАСА лансираат астронаути во вселената, следете во живо

Read more

Секси среда

Read more

Кошарка

Eurobasket ги одбра најдобрите во мак-кошарката

Read more

Келнер, дај по едно Жељко Обрадовиќ пиво

Read more

МЗТ: Антиќ и соработниците за нас повеќе не постојат, правдата ќе ја бараме на суд

Read more

Како би изгледала кошаркарската репрезентација на Југославија денес?

Read more

Спорт

  • play_arrow

Алиоски полуде по гол на тренинг и ја скрши камерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Фјури: Ќе бидам побогат од Мејведер

Читај повеќе

Мбапе: Ливерпул е како машина

Читај повеќе

Кулушевски го одбил Интер поради тактиката на Конте

Читај повеќе

Бејл: Не разбирам зошто нашите навивачи нѐ исвиркуваат

Читај повеќе

Интер го враќа Наинголан

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн славеше среде Дортмунд и дојде на чекор до титулата

Читај повеќе

Eurobasket ги одбра најдобрите во мак-кошарката

Читај повеќе

Флик: Рано е Холанд да се споредува со Левандовски

Читај повеќе