ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Скола со 41 година по петти пат ќе игра на ЛОИ

Легендарниот аргентински кошаркар нема намера да запре дури ни во репрезентативниот дрес. И покрај поодминатата спортска возраст, тој ќе настапи на претстојната Олимпијада во Токио.

За Луис Скола стареењето очигледно е многу побавен процес отколку кај останатите спортисти. На 30 април годинава го прослави својот 41. роденден и навлезе во 42. година од животот. Но, за Скола годините се само бројка, па така тој летово ќе истрча на паркетот во Токио и ќе ја одигра неговата петта Олимпијада.

Скола има злато од ЛОИ 2004 во Атина кога Аргентина го шокираше светот прво во полуфиналето исфрлајќи го моќниот САД на Ален Ајверсон и Тим Данкан, за во финалето да ја средат Италија. Четири години подоцна во Пекинг, Скола и бело-небесносината дружина освоија бронза и оттогаш Аргентина чека кошаркарски олимписки медал.

Покрај легендата Скола, кој од лани ги брани боите на итлаијански Варезе, селекторот Серхио Ернандес во составот ги вклучи и Факундо Компасо (Денвер Нагетс), Лука Вилдоса (Њујорк Никс), Габриел Дек (Оклахома Сити Тандер), Николас Лапровитола (Реал Мадрид), Николас Брусино (Гран Канарија), Маркос Делиа (Триесте), Тажавек Галици (Институто), Патрисио Гарино (Жалгирис), Леандро Болмаро (Барселона), Хуан Пабло Ваулет (АЕК) и Франсиско Кафаро (Вирџинија Кавалирс).

URL

Со речиси истиот состав Аргентина заврши втора на последното Светско првенство во 2019 во Кина губејќи од Шпанија во финалето.

Во Токио Аргентинците се во групата Ц заедно со Шпанија, Јапонија и Словенија против која и почнуваат на 26 јули.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе