Пол Сколс се согласува дека Антони е очаен избор за Манчестер Јунајтед, особено ако е „се гледа и економскиот дел од трансферот“, но останува на ставот дека Марк Боснич е најлошото нешто што го видел на тренинзите и натпреварите.
„Моравме да најдеме замена за Шмајхел и знаевме дека ќе биде тешко. Боснич беше добар на голот на Астон Вила, но кога дојде кај нас се однесуваше непрофесионално. Искрено, беше смешен. Шутерскиот тренинг траеше меѓу 15 до 20 минути, тој по три шута не знаеше каде се наоѓа“, се присети легендарниот фудбалер на деновите кога беше соиграч со австралискиот голман со хрватско потекло.
„Човекот не знаеше да ја избие топката, тоа во живот го немав видено“, додаде тој, а потоа се сети на конкретниот натпревар.
„Денот беше совршен, без ветер. Игравме на гости кај Евертон. Не успеа да ја исфрли топката до центарот на теренот“, рече тој како гостин во подкастот „The Overlap“ и заклучи:
„Точно е дека Антони е скапо платен, но за мене Боснич е најлошиот играч кој го носел дресот на Манчестер Јунајтед“.
Сколс освои 25 трофеи со клубот за кој одигра повеќе од 700 натпревари. Ги наведе Вејн Руни и Ерик Кантона како спротивни примери на Боснич.
Боснич бранеше на само 38 натпревари за Јунајтед и имаше просек од 1 примен гол по натпревар. Сепак, ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 1999/2000. Во 1997 година беше и избран за Фудбалер на годината во Океанија.