Сколс до Мурињо: Мора да победуваш со класа
Легендата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс не беше импресиониран од начинот на кој Жозе Мурињо ги испровоцира фановите на Јувентус, по победата од 2:1 во групите на Лигата на шампионите.
Во средата вечер „црвените ѓаволи“ направија незаборавен пресврт од 0:1 до 2:1 во последните пет минути на дуелот против „бјанконерите“ на „Алијанц“ стадионот.
Сепак, според Скоулс, тој мора да победува со класа, која Мурињо вчера не ја покажал.
– Треба да победуваш со малку класа. Мислам дека не беше потребно да се прави она што тој го направи. Ја стискаш раката на противничкиот тренер, аплаудираш на своите фанови и си одиш. Не беше потребно, но тоа си е Жозе, рече Англичанецот.
По овој успех, Манчестер Јунајтед остана на второто место во групата Х од Лигата на шампионите. Тимот има седум бодови, два помалку од лидерот Јувентус.
Коментирај