ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Сколс: Во Јунајтед владее хаос, мора да го земат Конте

Легендарниот играч на „Црвените ѓаволи“ се зазборува критикувајќи го својот поранешен клуб и заклучи дека спасот треба да го бараат во Антонио Конте.

Пол Сколс гостуваше во емисијата на YouTube каналот Webby & O'Neill, каде не штедеше зборови да ја опише ситуацијата која владее во Манчестер Јунајтед.

„Клубот едноставно изгледа како да е во хаос: играчи, стручен штаб и тренерот. Кој сака да дојде во таков клуб? Дава чувтсво на отровен хаос“, почна тој.

Дури го стави во прашање и квалитетот на играчи со кои располага новиот тренер Ралф Рангник: „Дојдовме до ситуација кога човек би се запрашал: 'Дали овие играчи се доволно добри?'“.

„Знаеме дека Роналдо, Погба, Варан и Матиќ имаат големо искуство и многу трофеи, но останатите не се докажаа способни да освојат нешто. Некои од нив веќе имаат многу натпревари во нивните нозе. Маркус Рашфорд е таков, но ќе дочекаме ли тие да го достигнат својот потенцијал? Ќе бидат ли некогаш кадарни да освојат трофеј? Мегваер, дали е тој доволно добар? Линделеф? Цело време повторуваме како сите тие се добри, но во исто време тие не успеваат да го направат на теренот она што се бара од нив“.

„Дојдовме до човек кој е ценет низ цела Европа, особено од тренери како Клоп и Тухел кои го величаат. Но, тој нема некој успех како тренер. Во Германија успеал да се пласира во најдобрата лига, малку добро му одело со Шалке, а потоа му дадоа да го води најголемиот клуб на светот - тоа е нешто кое не можам да го премолчам“.

„Манчестер треба да го има најдобриот тренер кој во моментот е достапен. Тие не го направија тоа, што ми е за неверување. Треба на клупата да имаме еден од најдобрите пет тренери во светот. Тухел, Пеп и Клоп се топ три, но тие се недостапни, нема шанси да се земе некој од нив. Но, тука е Антонио Конте. Некои велат дека не му одговара на Јунајтед, но гледајте што прави со Тотенхем со екипа која не е ни приближно добра колку таа на Јунајтед“.

„Веројатно ќе заврши во првите четири и тоа по цена на Јунајтед. Сѐ уште можат да го земат од Тотенхем. На навивачите на Тотенхем нема да им се допадне ова што го зборувам, но се гледа дека Конте е незадоволен од играчите кои ги има на располагање и од управата бара засилувања. Кај нас би можел да направи нешто посебно, има педигре за такво нешто. Дали сме способни да го донесеме? Не би знаел“.

Remote video URL
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Фудбал

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Читај повеќе

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Читај повеќе