Хроника

Скопјанец фатен во обид за шверц на 12 мигранти

2. декември 2019 - 11:23 | МИА

На 01.12.2019 во 12.30 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(37) од Скопје, поради тоа што претходно, во близина на бензинска пумпа на автопатот Табановце – Куманово, Б.И. со патничко моторно возило „ауди А8“ со скопски регистарски ознаки превезувал 12 лица мигранти од Авганистан, а при обид да биде запрен, го напуштил местото на настанот.

Мигрантите биле пренесени во ТЦ Табановце, а Б.И. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.

Коментирај