Хроника

Скопјанец физички нападнал полицаец за да не сведочи на суд

19. октомври 2014 - 12:14 | Макфакс

Против 24-годишен жител на скопското село Арнакија, е поднесена кривична пријава за сторено дело „незаконито влијание врз сведоци“, откако пред судница физички нападнал полицаец кој бил повикан како сведок во дело против негов пријател, исто така, за напад врз униформирано службено лице .

Пријавениот идентификуван во билтенот на СВР Скопје со иницијалите С.С. од селото Арнакија, во понеделникот, 13-ти октомври, во Основниот суд Скопје 1, поточно пред судница пријавениот му се заканувал по живот и се обидел физички да се пресмета со полициски службеник кој бил присутен во својство на сведок за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на служба“, а за кое кривично дело бил пријавен пријател на С.С.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одземена патната исправа и му е наредено задолжително еднаш во неделата да се пријавува во надлежен суд.

Коментирај