Хроника

Скопјанец испрaќал порнографски материјали на малолетничка преку Facebook

21. август 2016 - 12:38 | Макфакс

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против 18-годишниот И.Ц. (18), поради основи на сомнение дека во временскиот период јули-август 2016-та година користејќи ја социјалната мрежа Facebook, на 12-годишно девојче од Скопје во повеќе наврати и прикажал фотографии со порнографска содржина.

За кривичното дело „прикажување порнографски материјал на дете“, предвидено и казниво по член 193, од страна на Судија на претходна постапка на сега пријавениот му е одземена патната исправа, забрането му е да го напушта домот во кој живее и задолжително еднаш во неделата да се пријавува во надлежен Суд.

Имено, И.Ц. на социјалната мрежа Facebook креирал профил со лажни податоци и лажно име и на 28-ми јули му испратил понуда за пријателство на 12-годишно девојче од Скопје, кое ја прифатило понудата и започнало електронска комуникација со пријавениот.  Во  комуникацијата И.Ц.  и кажал дека има 16 години и дека учи во гимназија и дека профиот од кој и го испратил барањето за пријателство, ќе го исклучи, а ќе и прати барање за пријателство од нов профил, кој исто така бил со лажни податоци.

Откако, девојчето го прифатила пријатеството испратено од новиот профил на пријавениот, истиот и пуштил фотографија со порнографска содржина и побарал од девојчето да му пушти слика на која ќе биде сликана гола. По ова девојчето ја прекинало комуникацијата со И.Ц., при што истиот во уште два наврати и пуштил фотографии со порнографска содржина,  за што девојчето му кажало на својот татко, кој случајот го пријавил во Единицата за економски и компјутерски криминал.

По пријавувањето на кривично правниот настан Единицата за економски и компјутерски криминал, превзеде опсежни оперативно тактички мерки за утврдување на идентитет на лицето со Facebook профили, при што е утврден пријавениот и истиот е лишен од слобода, а од домот му е одземен  еден пренослив компјутер, еден десктоп компјутер и друга ИТ опрема кои се предадени на вештачење.

Во извршениот разговор со И.Ц., тој изјавил дека одземената опрема од неговиот дом е користена само од него и ја потврдил елктронската комуникација со 12-годишното девојче, во која прикажувал материјали со порнографска содржина.

Коментирај