Скопјанец избоден со ножици поради долг

Поради нерасчистени должнички односи помеѓу двете фирми, едно лице заврши во болница со тешки телесни повреди.

Како што соопшти полицијата, вчера околу 13.00 часот во Скопје, во просториите на една приватна фирма дошло лицето Ф.Ш. (35) од с.Љубин, скопско, претставник на друга приватна фирма по што настанала расправија помеѓу него и вработениот Д.А. (54) од Скопје. Причина за расправијата биле нерасчистени должнички односи помеѓу двете горенаведени фирми.

Во еден момент Ф.Ш. земал ножици и го нападнал Д.А., нанесувајќи му неколку убодни рани во пределот на грбот и вратот. Од страна на друг вработен Ф.Ш. бил спречен да продолжи со нападот, бил совладан и задржан до доаѓање на полициски службеници.

Потоа бил приведен во ПС Центар. Со возило на Итна медицинска помош Д.А. е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе