Хроника

Скопјанец извршил полов напад врз 15-годишна девојка

10. август 2018 - 13:45 | МИА

Скопје, 10 август 2018 (МИА) - Триесет и седумгодишниот скопјанец С.Ј. синоќа во Полициската станица Струга пријавил дека истиот ден околу 15 часот во куќата на Ф.Н. каде престојува заедно со неговото семејството, 39-годишниот скопјанец С.Џ. извршил полови дејствија врз неговата 15-годишна ќерка. 

Од страна на полициски службеници С.Џ. бил пронајден и приведен во Полициска станица, при што било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Коментирај