Скопјанец нападнал возач на автобус откако претходно му пресекол пат со автомобил.
Според информациите на МВР, вчера околу 14:15 часот било пријавено дека во Скопје на улица Народни Херои во близина на крстосницата со улицата Ѓорѓи Димитров, Д.А.(33) управувајќи автомобил „Застава“ со скопски регистерски таблици му го пресекол патот на автобусот на ЈСП бр.24, управуван од М.И. (52).
Потоа излегол од возилото, искршил еден од прозорците на автобусот и физички го нападнал М.И. со дрвена бејзбол палка во пределот на главата.
Од страна на полициски службеници Д.А. приведен во ПС-Кисела Вода за понатамошна постапка.