На 01.02.2020 во 19.30 часот на ул.„8“ во населба „Дрма“ – Скопје бил лишен од слобода С.Т.(52) од населба „Дрма“, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“.
Имено, во 14.20 часот во нива на ул.„8“ во населба „Дрма“, С.Т. и З.Т.(28), и двајцата од истата населба, со тврд предмет и со секира го нападнале Х.П.(60) од с.Долно Коњари, нанесувајќи му тешки телесни повреди.
Х.П. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.