Скопјанец, ноќеска по полноќ, бил нападнат со шрафцигер, а во бессознание е донесен во болница каде се бори за живот, соопшти полицијата.
Во полиција во Скопје било пријавено дека на бул. „Кирил и Методиј“, во близина на ТЦ Рамстор, непознато лице со шрафцигер во рака ги вознемирувало граѓаните.
Од страна на единицата Алфа на местото на настанот пронајден бил повреден С.С. (44) од Скопје.
Лекар од Ургентниот центар констатирал тешка телесна повреда, а човекот е во бессознание и се наоѓа во животна опасност.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.