Скопјанец обвинет за запуштање и малтретирање на дете​

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 46–годишен скопјанец, кој со умисла сторил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно извршување на кривичното дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетиот – чичко на оштетените две деца, на 28 јуни 2020 година прифатил доверена обврска од мајката на децата да ги надгледува додека таа била отсутна. Но, тој грубо ја запоставил својата должност за грижа и воспитување, па започнал да ги малтретира доверените деца.

Истиот ден, околу 12:30 часот, тој на дрво во близина го врзал 12-годишното момче за стапалото со внатрешна гума  од мопед. Врзаното дете – лице со посебни потреби и неразвиена моторика, не можело да се ослободи, па кон него се приближила неговата петгодишна сестра во обид да му даде шише со течност за да се напие. Во тој момент, обвинетиот го нападнал и девојчето, најпрвин вербално, а потоа и физички, удирајќи ја по лицето и нозете.

Јавниот обвинител, кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, имајќи предвид дека постои опасност од негово криење и бегство, а како близок роднина кој има постојани контакти со оштетените, постои  и реална опасност да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода. 

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Хроника

Малолетник избоден на Бит-пазар, напаѓачите му барале пари

Read more

Кумановец уапсен за дрога истепал полицаец и оштетил инвентар во станицата

Read more

Скопјанец ја нападнал сопругата на нејзиното работно место и ѝ го одзел прометот

Read more

Пожар во Тетовско во објект со инкубатори, угинале 4.000 пилиња

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе