Хроника

Скопјанец починал во автокамп во Охрид

23. септември 2017 - 14:00 | Макфакс

Скопјанец е пронајден мртов во автокамп во Охрид. Безживотното тело на 69-годишниот маж го пронашол во кампот неговиот сосед од Охрид, кој случајот го пријавил во полицијата.

Екипа на брза помош констатирала дека на телото на починатиот нема траги на насилство.

На местото на настанот е извршен бил увид. Телото по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.

Коментирај