Во Единица за информации и команда – Скопје, вчера во 10 часот Т.Е. (27) од Скопје пријавила дека С.В. физички ја малтретирал неа и нејзината баба Д.В. (76) од Скопје.
Поради претходна расправија за нерасчистени имотно-правни односи, С.В. ги удирал со тупаници во пределот на лицето. Во полициска станица Гази Баба со него бил извршен разговор и бил констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.