Хроника

Скопјанец приведен за изнудување пари од мајка и син

20. ноември 2019 - 16:48 | МИА

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против М.Ј.(28) и К.Г.(25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Од октомври 2019, во повеќе наврати, пријавените упатувале закани кон С.М.(46) од Скопје и нејзиниот син поради парични средства во износ од 80.000 евра, кои во повеќе наврати со високи камати ги давале на синот на С.М..

На 14.11.2019, пријавениот М.Ј. телефонски ја побарал С.М. и со закана од неа побарал да даде дел од долгот.

Таа со него се договорила да му даде 60.000 денари, а веќе наредниот ден случајот го пријавила во СВР Скопје.

Истиот ден, М.Ј. бил приведен.

Коментирај