МВР соопшти дека маж на возраст од 64 години е пронајден мртов во автомобил, во близина на општина Петровец.
Ноќеска во 01:12 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека на локалниот пат с.Петровец кон с.Дрма, кај патоказните табли за влез во општина Петровец, имало паркирано патничко возило „дачија“, со скопски регистарски ознаки.
Во него имало лице кое не било при свест. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство и било утврдено дека се работи за лицето Д.Л.(64) од Скопје.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.