Хроника

Скопјанец пукал кон две лица по расправија за долгови

17. август 2018 - 11:14 | МИА

Скопје, 17 август 2018 (МИА) - Педесет и едногодишниот скопјанец К.И. синоќа пред маркет на ул.„Лазо Трповски“ во Скопје пукал кон Б.Б. (23) и Р.Б. (20), откако претходно се расправале поради нерасчистени должничко-доверителски односи.

МВР информира дека Б.Б. и Р.Б. успеале да побегнат и да останат неповредени, а К.И. го напуштил местото.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на К.И. и за целосно расчистување на случајот.

Коментирај