Хроника

Скопјанец се обидел да си ја запали куќата, соседите го спречиле

12. февруари 2019 - 15:53 | МИА

Млад скопјанец, кој агресивно се однесувал во домот, се обидел да си ја запали куќата. Соседите го спречиле во намерата, а насилникот е однесен во болница.

На 11.02.2019 година во 21.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, шест лица од ул. „Шар Планина“, пријавиле дека нивниот сосед П.С.(29) агресивно се однесувал и кршел во својата куќа и се обидел да ја запали.

Како што стои во денешното соопштение од МВР, П.С. бил лишен од слобода и со возило на Итна медицинска помош бил однесен во болница.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментирај