Вчера, околу во 22.42 часот, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето М.Ц. (35) од с.Визбегово, скопско, со три убодни рани од нож и фрактура на рака.
Истиот бил нападнат од својот брат, а нападот се случил во нивниот дом. Повредениот е надвор од животна опасност.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.