Хроника

Скопјанец со нож ја избодел мајка си, па ја запалил

22. февруари 2020 - 11:54 | МИА

Четириесет и седумгодишен маж од Скопје со психички проблеми ја избодел мајка му со нож, а потоа ја запалил.

Како што соопшти МВР, вчера во 16:23 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.С.(47) од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми, бидејќи било пријавено дека околу 15:40 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ тој со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи ѝ повреди, а потоа ја запалил.

Соседите помогнале да се изгасне огнот.

Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Од полицијата информираат дека, од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментирај