Скопјани исфрлија рекордни 650 кубни метри кабаст отпад

Во рамките на акцијата за собирање кабаст отпад, која во периодот од 18 до 22 мај ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ја спроведе во сите скопски општини, граѓаните исфрлиле вкупно 650 кубни метри отпад, составен претежно од стар мебел и неупотребливи електронски и електрични уреди.

За празнење на поставените садови, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ангажираше 20 работници на терен, со употреба на три специјални комунални возила-самоподигнувачи и две возила наменети за собирање кабаст отпад - патарки.

„Жителите на градот Скопје покажаа огромен интерес за акцијата и уште при првиот ден беа преполнети речиси сите 40 поставени садови, додека за времетраењето на целата акција нашите екипи реализираа 130 тури за собирање и транспорт на собраниот отпад. Очекуваме дека оваа акција значително ќе придонесе за намалување на бројот на диви депонии на територијата на градот“, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје, Абдусамед Шабани.

Бидејќи акција покажа дека жителите на македонската престолница се заинтересирани за ваков начин на одлаѓање кабаст отпад, за очекување е ЈП „Комунална хигиена“ набрзо да ја повтори акцијата која би требало и да стане редовна пракса, со оглед на интресот.

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе