Живот

Skopje BBQ Jam денеска кај МКЦ

22. јуни 2019 - 12:00 | А.С.

Skopje BBQ JAM е нова социјално - кулинарско - музичка платформа што ќе се одржи денеска, 22 јуни, во МКЦ Парк (паркот зад Младинскиот Културен Центар) во организација на МКЦ, Funky Fresh и Why Creative.

Посетителите ќе може да вкусат врвно barbecue мени креирано од нашите најпознати скопски готвачи и да уживаат во двајца странски и единаесет домашни артисти во една опуштена целодневна дружба со многу храна и музика, гејминг зона, чил зона, денсинг зона и разновидни активности за сечиј вкус и секоја возраст.

На настанот ќе има разновидна храна на брз начин, приготвена од нашите готвачи: Fat Цацко (Fat Kitchen), Готвиме со Фичо (Madzo 2.0), Драгана (Vegan 365 Kitchen), Софка (Botanika), Стефан (MS fish & Chips) и Шеле (Toto Daily).

Ќе има одличен музички избор од локални и странски артисти со почеток од 14:00 па сè до 1:00 часот по полноќ - DJ Flip (Ирска) и DJ VADIM (Русија), како и домашните артисти: Ariton, Chvare, Double G, Goce, Hypertech, Ilich, Natty Fiyah SS, Oky Doky, Slave, Strajk и Vaso.

Коментирај