Скопје блеска во новогодишен амбиент среде април

Четири и пол месеци по дочекот на Новата година, во Скопје сѐ уште владее новогодишна еуфорија. Причина за тоа се украсите кои сѐ уште не се целосно отстранети, а зошто е тоа така не знаат ни граѓаните, ни туристите.

И покрај тоа што се заклучени и не се користат, новогодишните куќарки кои Град Скопје ги стави на Плоштадот „Македонија“ пред Нова година сѐ уште се таму.

Освен куќарките, долж булеварот „Свети Климент Охридски“ не се извадени дел од новогодишните украси. Иако не светат, сѐ уште висат сијаличките и чадорчињата над булеварот.

Која е причината што строгиот центар на Скопје среде април има новогодишни украси засега не се знае.

Лани главниот град беше украсен една недела пред дочекот на Новата година, а украсите од улиците почнаа да се вадат дури во март. За украсувањето се заинтересира и финансиската полиција, но оттаму досега немаат соопштено до каде е истрагата за тоа кој го украсил градот и за колку пари.

Поради критиките дека градот доцна беше украсен, градоначалничката Арсовска најави дека во 2024 година ќе се накити уште во септември.

Тагови
реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Работи што никогаш не треба да ги ставате во микробранова

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Македонија

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Read more

Во Кисела Вода утре започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара

Read more

СДСМ: Шокантни се изјавите на Таравари за грбот и химната

Read more
 

Вести

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Читај повеќе

Во Кисела Вода утре започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара

Читај повеќе

СДСМ: Шокантни се изјавите на Таравари за грбот и химната

Читај повеќе

Нова веб-апликација за следење на жешките точки и еколошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро

Читај повеќе

Левица: Државниот грб им пречи само на неоврховистите и необалистите

Читај повеќе

Таравари: Подготвени сме во пакет да ги решиме и грбот и химната и 20%

Читај повеќе

Орбан: Трамп ќе го пресече Гордиевиот јазол во Украина, тоа го сакавме

Читај повеќе

Казни за 809 возачи, 232 за брзо возење, поставувањето на камерите се очекува да биде завршено во текот на годинава

Читај повеќе