Скопје и Софија остануваат посветени на унапредување на односите, Западниот Балкан и натаму приоритет за Брисел

Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, вчера во телефонски разговор се согласија дека одговорите на прашањата што се отворија меѓу двете земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство, додека во исто време од Брисел дојдоа пораки дека Западниот Балкан останува приоритет за Унијата, како и заложби за старт на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија што е можно побрзо.

По разговорот со Борисов, премиерот Заев на својот Facebook профил објави дека заеднички споделиле заложба што поскоро да се дојде до решенија кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека „во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ“.

Разговорот Заев - Борисов, според владиниот портпарол Душко Арсовски, е уште една потврда дека низ комуникација, дијалог и зачестени контакти може да се дојде до решение.

Сопоред него, заедничкиот заклучок оти решението е во самиот Договор за добрососедство и пријателство од 2017, е токму она на за што Владата постојано се залага и опстојува дека тој е одлична рамка за изнаоѓање решение за сите отворени прашања.

Заедничката иднина на земјите од  регионот во ЕУ беше тема и на разговорите на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и албанскиот претседател Илир Мета во Тирана. Груби и Мета оценија дека патот на заедничката интеграција на Скопје и Тирана во ЕУ е полн со предизвици, но мора да се финализираа со успех за двете земји, чија цел е вклучување во големото европско семејство.

Пристапниот процес на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ беше тема и на вчерашниот разговор на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји со германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.

– Добра дискусија. Разменивме мислења за Западниот Балкан и потребата да се оди напред со процесот на проширување на ЕУ, вклучително преку отворање на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија што е можно побргу, напиша Вархеји на Twitter по средбата.

По вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Унијата, Жусеп Борел порача дека земјите од регионот остануваат приоритет за блокот.

Борел упати уверување до лидерите од регионот дека земјите се важни за ЕУ и дека тоа било потврдено и на министерскиот состанок во Брисел.

– Разговаравме за неодамнешната посета на Мирослав Лајчак во регионот и ќе имаме целосна дискусија за Западниот Балкан на наредниот Совет за надворешни работи. Западниот Балкан е и ќе продолжи да биде приоритет за ЕУ, изјави Борел.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе