Скопје ќе биде 15 часа без вода, санацијата на главниот градски водовод ќе почне во раните утрински часови

Утре, во раните утрински часови, ќе почнат активностите за санација и модернизација на главниот градски водовод, која се очекува да трае во следните 15 часа.

Од „Водовод“ информираа дека главна цел на овој оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот во општините Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти, каде што во изминатите децении се нотирани огромни загуби на вода.

Со затворање на главниот градски цевковод Ф-1600 мм, поради санација на 5 затворачи по должина на оваа линија, на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“, ќе се изврши:

– замена на нефункционален затворач Ф-400 мм на кружниот тек во Ѓорче Петров;

– репарација на затворач Ф-600 мм на мостот „Обединети нации“, кој тече;

– заптивање на затворач Ф-700 мм на булеварот „Партизански одреди“, кој протекува, и замена на затворач Ф-150, кој се наоѓа во истата шахта;

– санација на затворач Ф-700 мм и Ф-500 мм на улицата „Никола Парапунов“;

– замена на 4 водушни вентили.

Во согласност со оперативниот план за санација на затворачите на градската водоводна линија Ф-1600 мм, секторот „Водовод“ презеде многубројни оперативни активности за подготовка на луѓе, механизација, алат и пумпи.

Во процесот на активностите секторот „Водовод“ првично ќе направи проверка за исправноста на воздушните вентили, испусти и хидранти поставени по должината на цевководот Ф-1600 мм. По утврдувањето на состојбата и констатирање на нивната исправност, секторот „Водовод“ со екипи составени од 6 пункта, носители на работата, со обезбедена испомош на конкретни работници од други пунктови, ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот.

Се апелира до сите јавни фактори да внимаваат во изнесувањето информации и да не предизвикуваат страв и паника кај граѓаните за неколкучасовното немање вода. Овој сериозен зафат, како што се додава, се презема за да се превенираат состојби на дефекти, како што се тие во Тетово, Битола, Штип и Неготино, каде што со денови и недели немаше вода поради несанирани дефекти.

реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Претепан возач на пајак-службата

Read more

Македонија

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Read more

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Read more
 

Вести

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Читај повеќе

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Читај повеќе

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Читај повеќе

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Читај повеќе

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе