Скопје официјално доби ѕидови на кои легално ќе се цртаат графити

Александра Спасеска
/ 22.07.2021 / 12:15

Градот Скопје во рамки на кандидатурата за Европска престолнина за културата за 2028 година назначи два легални ѕида за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично, соопшти тимот на СКОПЈЕ 2028 – Кандидат за Европска престолнина на културата.

Тимот на Скопје 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата на почетокот на 2021 година на предлог на улични уметници од градот покрена инцијативата за именување на првиот „Легален ѕид – Legal Wall” во Скопје.

Тргнувајќи од тоа дека уличната уметност, пред сѐ, пишувањето/цртањето графити во поголем дел од светот вклучувајќи и кај нас е нелегална, многу градови именуваат и креираат легални ѕидови со што им овозможуваат слободен и безбеден простор за креација и уметничко изразување на уличните уметници, објавија од Скопје 2028.

Што е легален ѕид?

Легален ѕид/Legal Wall е дефиниран ѕиден простор од поголем размер на одредена локација, кој е одобрен од страна на сопственикот или локална власт/јавната институција за слободно користење за уметничка креација (графити, мурали, тагови итн.). Како слободен простор за креација легалниот ѕид овозможува на секој заинтересиран уличен уметник да може да создава уметност без временско одредено или законско ограничување во контекст на поширока заедница на корисници на заедничкиот простор, во рамки на која освен што ќе се развива урбаната култура и ќе се разубавува дел од градот, ќе се овозможи и комуникација и размена на знаење помеѓу различни генерации уметници со различни професионални искуства. Ова е особено важно за младите улични уметници кои ќе имаат простор да ја развиваат својата креативност и способности за цртање.

Постои и светска мапа на легални ѕидови, која овозможува како на домашни така и на странски уметници да имаат увид и можност за нивно користење. Градот Скопје ќе биде ставен на мапата на градови со легални ѕидови, што ќе бидат доволна провокација за самоорганизирани иницијативи и посети од странски уметници или нивни соработки со домашни уметници.  

Градот Скопје ја прифати иницијативата и предлогот на тимот на СКОПЈЕ 2028 за именување на првиот „Легален ѕид – Legal Wall” во Скопје. Со тоа градот во рамки на кандидатурата за Европска престолнина на културата на уште една начин покажува дека ја подржува урбаната култура и уличната уметност и овозможува  разновиден културен израз на различни локации во градот.

Иницијативата се реализираше во неколку фази. Со цел професионално да пријдеме кон темата, тимот на СКОПЈЕ 2028 спроведе „Прашалник за скопската улична-уметност и потребата од легални ѕидови - Legal Walls" дистрибуиран до домашни улични уметниците. Прашалникот ни овозможи да добиеме информации за потребата од легален ѕид во Скопје, предлог локации, но запознавање со состојбите на сцената, начинот на нејзино функционирање, предизвиците со кои се соочуваат овие уметници и што недостасува, односно кои се потенцијалите за нејзин развој, генерално и во контекст на СКОПЈЕ2028.

Дополнително тимот на Скопје 2028 направи и анализа на „Законот за јавна чистота” со предлог промена во член 17.

Сите предлози на локации на легален ѕид кои произлегоа од одговорите на прашалникот беа разгледани од страна на Градот Скопје и тимот на СКОПЈЕ 2028 со анализа на можноста за нивно користење во контекст на нивната правно-сопственичка структура, намена, безбедност и архитектура, од каде произлегоа 4 предлог локации за легален ѕид.  Истите повторно беа споделени со уличните уметници, од кои се избраа две локации кои ќе бидат назначени како првите два легални ѕида во Скопје.

Легален ѕид #1

Потпорниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов (Адолф Циборовски)

Легален ѕид #2

Ѕидовите од двете страни на булевар Гоце Делчев (под поранешна Стоковна куќа МОСТ)

Мапата може да ја најдете ТУКА.

Легалните ѕидови ќе бидат означени со тријазична табла (на македонски, албански и англиски) со која се потврдува слободата и безбедноста за нивно користење за креативен израз од страна на уличните уметници но и правото на градот да ги отстрани сите содржини кои се сметаат за навредливи, непристојни, дискриминирачки и оние кои ги кршат човековите права.

Легалните ѕидови ќе бидат назначени и слободни за користење на 26 јули 2021 година, на денот на Солидарноста, како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје. По тој повод тимот на СКОПЈЕ 2028 година организира и акција на цртање на графити на Легалниот ѕид #1 на тема „Солидарност” со покана за учество на седум домашни улични уметници: Ертунч Сали, Давор Кешкец, Марко Вујисиќ, Драган Китановски – Драж, Дејан Давчевски, Блаже Атанасков и Ермал Криезиу. Акцијата на цртање графити ќе се  реализира викендот на 24 и 25 јули, и е организирана во партнерство со Младинскиот културен центар.

Тагови
реклама

Позата 69 е минато, секс позата 77 е новиот предизвик

Read more

Сведоци на Илинденското востание: Каква Бугарија, рече Питу Гули, за Македонија излеговме!

Read more

Доктор Дре „тежи“ 800 милиони долари, а ќерка му е бездомничка

Read more

Зошто мажите треба да ејакулираат барем 21 пат месечно?

Read more

Култура

Што нуди вечерашната програма на „МКЦ за Скопје“?

Read more

Скопје официјално доби ѕидови на кои легално ќе се цртаат графити

Read more

Галичка свадба со младенците Катерина Илиевска и Филип Бундовски

Read more

Нови сознанија за задгробниот живот од антиката во Преспа

Read more
 

Вести

Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода

Читај повеќе

Нови пожари низ Куманово, гори и во скопските села Ракотинци и Кучково

Читај повеќе

219 нови случаи на COVID-19 од 4.713 тестирања

Читај повеќе

Минатиот месец беше најтопол јули досега

Читај повеќе

Гори на повеќе локации, пожарот во Пехчево се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик

Читај повеќе

Локдаун жртви: Никогаш немало толку многу смртни случаи од предозирање

Читај повеќе

Словенечките пожарникари се во Берово, ќе учествуваат во гасењето на пожарите во регионот

Читај повеќе

Ангелов: Хеликоптерите се вратени во Скопје да наполнат гориво

Читај повеќе

Владата прогласи кризна состојба во следните 30 дена, што значи тоа?

Читај повеќе