Skopje Photo Week 2020 - пријавете се и учете од најдобрите

Скопје е град познат по својата разноличност, шареноликост и е град на контрасти. Огромен број фотографии се случуваат секој ден на неговите улици и во неговите паркови, мемории уловени во дигитален формат. Тие ја раскажуваат приказната за душата на градот и луѓето кои живеат во него.

Затоа, на 23 и 24 ноември, Скопје ќе биде домаќин на најдобрите фотографи, чија инспирација отвора нови хоризонти на дигитална и модерна уметност.

„Сега ја имате директната можност да учите од најдобрите фотографи и уметници од своите полиња на дејствување и да дознаете кои се новите техники на работа, но и да ги подобрите постоечките. Разменуваме искуства, прошируваме познанства и градиме нови пријателствата. За време на настанот, ќе има и конкурс за избор на најдобра фотографија, за што ќе објавиме детали многу наскоро“, велат организаторите на Skopje Photo Week 2020.

Предавачи и панелисти оваа година ќе бидат:

Томислав Георѓиев - Фотограф

Ани и Дими - Фотографи

 

На 23 / 24 ноевмри, заедно со фото дуото Ани и Дими ќе учиме и дискутираме за портретната фотографија!

На 23 / 24 ноември, заедно со фото-дуото Ани и Дими ќе учиме и дискутираме за портретната фотографија! Дуото Ани и Дими, препознатливи по својата портретна, магазинска, модна и комерцијална фотографија, до сега сме ги среќавале во списанијата 1Е и Unique, како и многу други насловни страници, едиторијали и рекламни кампањи во Македонија. Во своите 14 години работеле за брендови како Алкалоид, Oriflame, Mango, Златен Даб, Кокев, Timberland, Bowin, Bitsiani, Vip, Бекутан и EVN. Повеќе детали на евентот #SPW2020: https://fb.me/e/1HG7w5LAt

Posted by Skopje Photo Week on Monday, November 16, 2020

Горан Попатанасович / 3D Baba - Кинематограф

Two Clicks - Фотографи

Влатко Рафески - Фотограф

Кристијан Теодоров - Кинематограф

„Почитувајќи ги мерките за заштита од КОВИД-19, внесуваме енергија во сивото секојдневие и овој есенски самит ќе го реализираме во дигитален онлајн формат, со помош на современата технологија“, нагласуваат организаторите.

Skopje Photo Week е петти по ред настан во организација на Ангеловски Фотографија и Грег Момент(Полска), кој се одржува традиционално секоја година. Изминатите настани беа под името ISPV - International Summit of Photographers & Videographers, но овојпат имаат ново име и концепт - Skopje Photo Week (#SPW2020).

Повеќе информации ќе најдете на ОВОЈ ЛИНК.

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Фото

Нова ера во развојот на фотосензори за смартфони

Read more

11 најдобри фотографии од дивиот свет за 2022 година

Read more

Победниците на Nature Photographer Of The Year

Read more

Фотографија на Роберт Ирвин победи на Wildlife Photographer of the Year

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Читај повеќе

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Читај повеќе

Колку би можело да чини iPhone 15?

Читај повеќе

Instagram смета дека нема доволно реклами, ќе ги праќа во нотификации

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекувано светлосно шоу на небото над Калифорнија

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 артефакти во музејот Метрополитен поврзани со шверцери и крадци

Читај повеќе

Со години беше мит и легенда: Мачколисицата потврдена за посебен вид

Читај повеќе

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Читај повеќе

Дали животот на Земјата има вонземско потекло?

Читај повеќе