Скопје помеѓу две катастрофи – илустрации на Зоран Кардула
Истакнатиот македонски графички дизајнер Зоран Кардула објави колекција архитектонски илустрации по повод одбележувањето на 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
„Ви ги претставувам моите илустрации на архитектонски објекти од Скопје кои биле изградени после катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Во периодот потоа градот почнува интензивно да се гради.
Тоа се градби кои го придвижуваа градот кон еден модерна метропола.
Стилот беше брутализам, главно заснован врз геометрија и бетон.
За жал сведоци бевме на силувањето на градот преку проектот Скопје2014 и со тоа се случи втората најголема катастрофа после земјотресот“, изјави Кардула за Kajgana.com.