Скопје Прајд ќе се одржи на 26 јуни под слоганот „Вон ѕидовите!“

Втората Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 26 јуни 2021 (сабота), во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ). Рутата на Прајдот, како и други организациски детали, ќе бидат дополнително споделени со јавноста во текот на идната недела.

„Оваа година Парадата на гордоста повторно се враќа на улиците, во физичкиот јавен простор. После првата, успешно и беспрекорно спроведена парада во 2019 година, пандемијата нѐ принуди сите минатогодишни настани за одбележување на Месецот на гордоста да ги одржиме онлајн. Неизвесноста во која нѐ втурна пандемијата е сѐ уште присутна, но среќни сме што состојбата се стабилизира и што оваа година имаме шанса повторно гордо да зачекориме по скопските улици“, велат од Организацискиот одбор на Скопје Прајд.

Слоганот на овогодишната скопска парада на гордоста е „Вон ѕидовите!“, а организаторите го објаснуваат слоганот со фактот дека ЛГБТИ+ заедницата, „како ретко која друга група граѓани, добро ја познава изолацијата и често искусува живот скриен меѓу ѕидовите на нашите мали, приватни простори“.

„Имајќи предвид дека парадите на гордоста имаат за цел да ја зголемат видливоста на нашата заедница, слоганот ‘Вон ѕидовите!’ го посветуваме на сите ЛГБТИ+ луѓе кои гордо и достоинствено ќе се приклучат на поворката, но и на сите оние кои од различни причини не можат да бидат отворени и да бидат дел од парадата, давајќи им поддршка и ветување дека здружно ќе продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас. Конечно, слоганот ‘Вон ѕидовите!’ го посветуваме и на сите луѓе во нашата земја, бидејќи изолацијата и затвореноста меѓу ѕидови е нешто што заедно го искусивме и чие надминување стана заедничка цел и желба.“

Парадата на гордоста е славење на слободата, различноста, прифаќањето, љубовта. Во овие тешки и комплицирани времиња, потребно е, повеќе од кога било, да ги реафирмираме стремежите кон посолидарно, похумано и поправедно општество. Воедно, парадата испраќа порака дека место под сонцето има за секого; таа е и протест и прослава, и болка и радост, и врисок и мелодија. Да останеме свои и да ги поддржиме оние кои тоа засега не го можат, стои понатаму во објавата.

Првата Парада на гордоста во нашата земја се одржа на 29 јуни, 2019 година во Скопје, со голем број поддржувачи од земјава и странство и јавни личности. Парадата тогаш се одржа под засилено полициско обезбедување, а интерес за настанот имаше не само од домашните, туку и од странски медиуми.

реклама

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Read more

Македонија

Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Read more

Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег

Read more

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Read more

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје

Read more
 

Вести

Кина соопшти дека е поканета да се приклучи на „Одборот за мир“ на Трамп

Читај повеќе

Болсонаро планира да си ја намали затворската казна со читање книги

Читај повеќе

Вдовицата на Чарли Кирк бара брзо судење за убиството на нејзиниот сопруг

Читај повеќе

Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Читај повеќе

Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег

Читај повеќе
  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Читај повеќе