Скопје се приближува до титулата најзелена престолнина во Европа

Скопје, 23 ноември 2018 (МИА) – Град Скопје апликацијaта за најзелена престолнина на Европа ја поднесе на почетокот на октомври годинава и врз основа на таа апликација ЕК изврши скрининг на позициите што ги имаше Скопје и се квалификувавме во втората фаза од овој процес, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

„Кандидатурата не е од вчера, туку е од поодамна. Таа е прифатена и е во втора фаза“, рече Шилегов на новинарско прашање појаснувајќи ја кандидатурата за најзелена престолнина во Европа, иако Скопје е меѓу 10-те најзагадени градови.

Тој посочи дека параметрите кои се мерат за најзелени градови се во 12 различни области, а се гледа исто така и што е сторено од страна на градските власти во неговиот мандат, односно во изминатата една година во делот на функционирањето на градот, енергетската стратегија, алтернативниот начин на превоз и слично.

Шилегов рече дека Европската комисија направила скрининг во повеќе делови од градот и дека активностите што се преземени, очигледно, вели, во ЕУ наидуваат на позитивно мислење со што ни беше овозможено да влеземе меѓу осумте градови во Европа во кои треба да продолжат понатаму со процедурата.

Тој најави дека периодот што доаѓа ќе биде период на засилен надзор, а следната евалуација се очекува во април 2019 и истата да биде повторно позитивна.

„Самиот факт дека успеавме да ја поминеме првата фаза како град зборува за тоа дека Скопје е на добар пат да ги надмине проблемите во кои живееме“, изјави Шилегов.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе