Скопје врие во жолта фаза
Земјава денеска ќе биде во жолта и алертна фаза со температури што во одредени делови ќе достигнат 40 степени. Токму затоа, надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат сите мерки за заштита од високите температури: да престојуваат во затворени простории, да внесуваат повеќе течности, но и да носат светла и лесна облека.
Во Скопје денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени Целзиусови.
Според препораките на Министерството за здравство, граѓаните треба да престојуваат повеќе во затворени простории, по можност климатизирани, а ако мора да излегуваат надвор да се одмораат почесто под сенка, да носат светла и лесна облека, како и заштитни очила и капа при директна изложеност на сонце. Важно е и да се користи крема со висок заштитен фактор, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а не масна храна, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење и да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
Фото: Фросина Насковиќ / МИА