Скопје за прв пат организира Парада на гордоста

Првата Парада на гордоста ќе се одржи на 29 јуни во центарот на Скопје, најави денеска Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

Активистот Антонио Михајлов изјави дека Парада на гордоста е протест во кој ЛГБТИ луѓето бараат афирмација, заштита и поддршка на човековите права од страна на државните институции и сите граѓани, активисти, културни и уметнички работници кои имаат прогресивни ставови и вредности, и кои покажуваат солидарност и поддршка на оваа борба.

Додаде дека Парадата креира простор што еманципира и ослободува, и е отворен за сите, без разлика на нивната нација, вера, род, сексуална ориентација, родов идентитет.

– Годинава се одбележува 50-годишнината од првите демонстрации во Њујорк, познати како Бунтот од Стоунвол, кои беа пресвртна точка за создавање на ЛГБТИ движењето, односно борбата за почитување на основните човекови права и спротивставување на прогонот и стигматизацијата на ЛГБТИ луѓето – изјави Кочо Андоновски.

Тој додаде дека Македонија е последната земја од регионот која организира Парада на гордоста.

Ирена Цветковиќ од Организацискиот одбор се надева дека оваа парада на гордоста ќе биде една од најбезбедните и појасни дека освен МВР и тие будно ќе ја следат ситуацијата и ќе вложат напор секој поединец што ќе присуствува на Парадата да се чувствува безбедно.

Точната локација, маршрута и време ќе бидат дополнително соопштени.

реклама

Македонија

Чулев: Неопходно е изборите да бидат фер, слободни и демократски

Read more

165 нови случаи, 7 лица починаа од COVID-19

Read more

Димитров: Сè уште нема препорака за затворање на границите со Србија и Косово

Read more

Oбјавени протоколите за спортски натпревари, музеи, галерии, промотивни настани и за меѓуградски превоз

Read more

Вести

Цените на нафтата паднаа под 43 долари, расте загриженоста поради ширењето на заразата

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Во Солун принудно слетал авион по пожар во пилотската кабина

Читај повеќе

Чулев: Неопходно е изборите да бидат фер, слободни и демократски

Читај повеќе

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Читај повеќе

Кочанчанец нападнал вработен во маркет откако не сакал да го напушти поради неносење маска

Читај повеќе

Скопјанец малтретиран поради долг од 4.000 евра

Читај повеќе

165 нови случаи, 7 лица починаа од COVID-19

Читај повеќе

Во Шпанија и Романија откриени печатници за лажни банкноти

Читај повеќе