Скопски Воводод по два часа дневно му ја исклучува водата на АД за станбен и деловен простор

Минатата недела ЈП Скопски Водовод почнал да го исклучува Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, од мрежата за водоснабдување, потврди директорот на Друштвото, Цветко Грозданов.

Тој изјави дека минатата недела екипи на Водовод во неколку наврати, предупредувачки, по два часа го исклучувале Друштвото од системот за водоснабдување.

Грозданов тврди дека како директор редовно ги подмирува сите трошоци и дека на име на дирекцијата се платени сите фактури за потрошена вода, но дека проблемот, кој е долгогодишен, се однесува на неколку дуќани кои биле под нивно владение, и кои неколку години не платиле сметки за вода. Најголемиот долг е направен од Капан-ан.

Грозданов вели дека имотот на Капан-Ан ѝ бил вратен на ИВЗ, а во меѓувреме насилно влегле и диво се вселиле одредени структури, но дека тој во неколку наврати барал да биде исклучено броилото бидејќи немаат владение над тој објект.

„Јас во пет наврати го известив Водовод Скопје и побарав од нив, поради тоа што не стопанисуваме со тој објект, значи го немаме владението на тој објект и немаме потреба од нивната услуга, да го исклучат броилото и да не ни фактурираат нам. Тие до ден денес упорно фактурираат“, вели Цветков.

Директорот не знаеше да објасни за колкав износ се работи, но дека за овој предмет е отворена и судска постапка. Службите за односи со јавност во Скопски Водовод не се достапни за коментар.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе