СКОПСКО ДОБИ НОВ БРЕНД- ЕКСТЕНЗИЈА

СКОПСКО Нефилтрирано – новина од Пивара Скопје за пивските сладокусци

Пивара Скопје на пазарот го лансираше својот најнов пивски бренд - оригиналното СКОПСКО Нефилтрирано пиво. Оваа нова екстензија на СКОПСКО, создадена според вкусовите на консументите, претставува уште една инвестиција на компанијата во развојот на пивската индустрија во Македонија.

СКОПСКО Нефилтрирано е резултат на долгорочен процес, во чија успешност се вложени традицијата на правење на најпознатото македонско пиво СКОПСКО, како и професионалноста, истрајноста и ентузијазмот на вработените во Пивара Скопје, со што компанијата ја продолжува својата заложба за постојано унапредување и иновации во пивската култура во земјата.

„Како компанија која е лидер на пазарот во пивската индустрија и која повеќе од 94 години живее и дише за потребите на нашите консументи, со овој нов производ во портфолиото на СКОПСКО уште еднаш ја потврдуваме нашата долгорочна стратегија за развој на пивската култура, пивската индустрија и економијата во Македонија воопшто. СКОПСКО Нефилтрирано е само уште една значајна потврда за стручноста и големото знаење на нашите врвни пивски мајстори, за високите технолошки стандарди и квалитетот на нашите производи“, изјави Владимир Косијер, генерален директор на Пивара Скопје.

СКОПСКО Нефилтрирано со неодоливо балансиран вкус, енаправено за оние кои не се задоволуваат со малку и секогаш бараат нешто ново и неочекувано. Тоа е одговор на оние кои очекуваат повеќе од вообичаеното и сакаат да го почувствуваат богатиот вкус во секоја голтка.

„Најновиот член на СКОПСКО семејството спаѓа во „craft“категоријата на пива, што како термин во пивската индустрија претставува мајсторство за пиво со сопствени и уникатно развиени рецептури. СКОПСКО Нефилтрирано е направено со најдобрите природни состојки и 4,9% алкохол, по оригиналниот традиционален рецепт на СКОПСКО. Едиствентата разлика е во процесот на филтрација, која веруваме дека ќе ги задоволи и најспецифичните вкусови на љубителите на пивото“, објаснува искусниот пивски мајстор и менаџер за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов.

Дополнителен интересен податок е тоа што СКОПСКО Нефилтрирано има нестандардна етикета од хартија која целосно го покрива шишето, што дополнително ги збогатува неговитеприродни и автентични особини, меѓутоа истовремено не дозволува никаква пропустливост на светлината, со цел пивото да остане свежо што е можно подолго.

Новиот производ може да се купи во сите подобро снабдени малопродажни објекти почнувајќи од 15.05.2018, а истиот е достапен во стаклена амбалажа од 0,5 л, како и на точење во сите подобро снабдени локали.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Read more

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Read more

Лични документи може да се подигнат и в среда

Read more
 

Вести

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Читај повеќе