Скоро половина од Американците веруваат дека диносаурусите сè уште постојат

Ново истражување покажа дека многу возрасни Американци сè уште веруваат дека диносаурусите шетаат по Земјата и се скриени во некој оддалечен дел од светот.

Истражувањето го спроведе филмското студио Boat Rocker Studios, кое наскоро ќе го објави цртаниот серијал „Dino Ranch“ на каналот Disney Junior, кој ќе биде наменет за деца од предучилишна возраст. Анкетирани беа 2.000 возрасни лица и се тестирало нивното знаење за овие праисториски суштества.

Истражувањата покажаа дека околу 40 проценти од американската популација верува дека диносаурусите исчезнале во период пред 2.000 до 10.000 години. Сепак, одамна е докажано дека тие исчезнале пред 66 милиони години. Околу 20 проценти од Американците веруваат дека изумреле пред само 100 години.

Околу 30 проценти од испитаниците веруваат дека диносаурусите и луѓето живееле на Земјата во исто време. Секоја четврта личност верува дека диносаурусите живееле во исто време со слоновите, иако науката потврди дека слоновите потекнуваат 10 милиони години по истребувањето на диносаурусите.

Приближно 54 проценти од испитаниците тврдат дека диносаурусите живееле само во Африка и Северна Америка. Според истражувањето, возрасните можат да именуваат околу 4 видови диносауруси, иако е познато дека ги имало илјадници. Како што се очекуваше, повеќето од нив го знаат Tyrannosaurus rex.

Нешто повеќе од една третина од луѓето се сеќаваа на Brontosaurus, кој стана популарен поради детскиот филм „A Land Before Time“. Сепак, 54 проценти не успеаја да ги именуваат диносаурусите Triceratop, кои исто така се појавија во наведениот филм.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе