Режисерот Мартин Скорсезе се подготвува да креира биографска серија базирана според животот и кариерата на легендарниот Мајк Тајсон.
Во главната улога ќе биде Џејми Фокс, а мини-серијата ќе биде наречена „Tyson“. Дејството во неа хронолошки ќе го следи животниот пат и сите неволји на поранешниот боксер, фокусирајќи се на неговото бурно растење и воспитувањето.
„Се радувам што по подолго време ќе имам можност да ја раскажам мојата приказна. Со неодамнешното лансирање на Legends Only Leauge настаните и возбудата што настана кај обожавателите по моето враќање во рингот, мислам дека сега е вистинското време за вакво нешто. Среќен сум за соработката со Мартин и останатите од тимот, заедно ќе работиме за да овозможиме публиката не само да го следи мојот професионален и личен живот, туку и малку да се забавуваме и инспирираме“, изјави 54-годишниот Тајсон.
53-годишниот Фокс е добитник на Оскар за улогата на Реј Чарлс во биографскиот „Ray“ од 2004 година.
Тајсон се збогува со ракавиците во 2006 година, но минатиот ноември се врати во рингот.