
Во ова смешно видео особено ќе се пронајдат доставувачите.
Доставувач носи пратка во канадска воена установа, кога на рецепција му велат дека пратката е за патологот. Првата врата од десно.
Доставувачот влегува кај патологот и го затекнува среде нешто налик на аутопсија на вонземјанин. Арно, ама излегува дека не е аутопсија, туку обид за реанимација на кутриот вонземјанин.
Канаѓаните навистина се креативни кога станува збор за скриена камера.