Скриени iPhone трикови кои треба да ги знаете

Дури и во случај да користите iPhone со години, скоро е невозможно да ги знаете сите скриени можности и трикови кои вашиот телефон ги чува во себе. Нив ги има во голем број, посебно по излегување на iOS 11 на пазарот.

Некои од овие трикови ќе ви бидат многу корисни, додека останатите ќе го направат користењето на вашиот телефон многу поинтересно. Во секој случај, добро е да ги знаете.

Забавни Live Photo ефекти

Со пристигнувањето на iOS 11, преку Live Photos опцијата на вашиот iPhone можете да имате многу позабавни фотографии, но и да ги изменувате по ваш вкус со помош на претходно подготвените ефекти. За да додадете ефекти на фотографијата, само повлечете нагоре и ќе ви се отвори мени со три опции: Loop, Bounce и Long Exposure. Потоа, одберете ја онаа која мислите дека најдобро ќе ѝ прилега на фотографијата.

Снимање на екранот

iOS 11 има и нова опција за снимање на екранот, многу повеќе корисна отколку што изгледа на прв поглед. Отидете во Settings, потоа во Control Centre и додадете ја опцијата Screen Record со притискање на „+“ копчето. Откако ќе завршите со тоа, само отидете во Control Centre и оваа опција секогаш ќе ви биде при рака.

Тастатура за една рака

Многу често знаеме да го користиме телефонот со една рака, од проста причина што другата рака ни е зафатена. Бидејќи Apple размисли и на тоа, тие новиот iOS 11 го надополнија со тастатура за пишување со една рака. За да ја активирате, задржете на копчето за емотикони подолго и поместете ја тастатурата налево или надесно.

Останете безбедни на патиштата

За време на возењето, секогаш трудете се да бидете безбедни. А тоа најлесно ќе го направите со опцијата Do Not Disturb на вашиот iPhone. Таа ќе почувствува кога возите и ќе ве остави на мира, без никакви дистракции. За да ја активирате, одете во Settings – Control Centre – Customize Controls, и потоа притиснете на копчето „+“ кај Do Not Disturb While Driving.

Тајмер

Ако имате верзија на оперативниот систем постара од iOS 11, тогаш веројатно не знаете како да се справите со музиката која продолжува да свири дури и откако ќе заспиете. Епа, со iOS 11 тоа веќе не е проблем бидејќи Apple реши да вметне тајмер како една од дополнителните опции на телефонот. За да пристапите до тајмерот, отидете во апликацијата Clock и одберете ја опцијата Timer, па потоа одберете временски интервал до кога сакате музиката да свири. Откако тоа време ќе истече, музиката ќе се изгаси.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе