Фит

Скриени извори на шеќер што може да ви ја нарушат диетата

16. април 2018 - 18:26 | А.С.

Кога сте на диета со намалено внесување на шеќер обично внимавате на јадењето десерти, но често заборавате дека шеќерите се кријат и во други видови храна што не ги сметаме за благо.

За да ви успее диетата и да ги постигнете саканите цели, внимавајте на овие скриени извори на шеќер:

Енергетски плочки

Овие грицки можеби се здрави и полни со протеини, но понекогаш содржат и шеќери на кои не помислувате бидејќи ги гледате како „здрава храна“.

Кечап

Знаете дека во мајонезот има многу калории, па избирате двојна доза кечап? Покрај сол и конзерванси, кечапот исто така содржи и многу шеќер, така што подалеку од него додека сте на диета.

Сокови и шејкови од продавница

Освен ако сами не си ги направите, бидете сигурни дека во соковите и шејковите што ги купувате од продавница има шеќери. Истото важи и за водата со вкус/арома. Пијте си обична вода или ставете малку лимон за да го освежи вкусот.

Пуканки

Иако се нискокалорични, пуканките сепак содржат шеќер што ќе ви ја наруши диетата ако е базирана на намалено внесување шеќер или целосно исфрлање на шеќерот од исхраната.

Конзервирано овошје

Речиси сите производители на конзервирано овошје ставаат шеќер во течноста, па ако сакате овошен десерт посегнете по свежо или замрзнато овошје, а не конзервирано.

Прелив за салата

Супер е да јадете салати, но внимавајте на стапицата наречена прелив во кој честопати се кријат калориите и шеќерот.

Коментирај