Кејт Мидлтон во неделата присуствуваше на финалето на Вимблдон каде принцезата беше пречекана со овации. Се појави во виолетов фустан, а изборот на облека носеше и скриени пораки.

Земајќи го предвид повеќемесечното отсуство откако откри дека боледува од рак, јавноста особено се интересираше за нејзината здравствена состојба.
Претходно се појави на церемонијата на Trooping the Color, па најавата дека ќе биде на Вимблдон предизвика возбуда.
Принцезата се појави во виолетов фустан од Safiyaa, а ова елегантно парче облека носеше и скриена порака.

Бетан Холт, модна директорка во Daily Telegraph, откри за People што може да значи сето тоа.
Виолетовата боја е една од официјалните бои на клубот All England Lawn Tennis and Croquet Club, чиј покровител е Кејт, а исто така е и бојата што кралицата Елизабета често ја носеше кога присуствуваше на тениски турнири. Историски гледано, виолетовата боја се поврзува со кралското семејство и Холт додава дека тоа може да биде значајно за здравјето на Кејт во овој момент.
„Тоа е и бојата на храброста, што може да биде знак за она низ што поминува“, објасни таа, „Мислам дека изгледаше сјајно и беше прекрасно да се види како изгледа толку опуштено. Сигурна сум дека многу луѓе ќе видат колку таа изгледаше среќна и се увери во тоа, таа навистина е еден вид светилник на надеж за многумина, но тоа доаѓа и со голем притисок“.
