Скриени пораки во „Алиса во земјата на чудата“ кои не се наменети за деца

„Алиса во земјата на чудата“ на Луис Карол изврши влијание на кинематографијата, на книжевноста, дури и на психологијата. Според неа се направени филмови, балети, пишувани се продолжетоци. Постои и психолошка состојба наречена „Синдром Алиса во земја на чудата“ (AWS).  

Ова навидум наивна приказна за деца била предмет на бурни расправии на учениците од 20 век, па дури и Фројд говори за неа. Дилемата е јасна: дали приказната е напишана за деца или за возрасни?  Brightside издвои скриени работи од приказната кои не се наменети за деца.

Смалувањето и растот на Алиса 

Секогаш кога Алиса јаде колач или пие некој пијалок, се смалува или расне, а истовремено се плаши дека ќе исчезне. Иако во текстот не се наведени причини за промената во нејзиното тело, научниците имаат две верзии за ова скриено значење.

Прво, нејзиното тело се менува затоа што е во пубертет. Но, оваа идеја е погрешна затоа што Алиса има само 7 години.

Астрономите го поврзуваат ликот со вселената која се проширува. Според една од теориите, количината на материјата во вселената се намалува и исчезнува, па според нив, тоа е причината што Алиса се грижи да не исчезне.

Свињата на Кралицата Срце е англискиот крал

Се верува дека приказната е алузија на војната која се случила во Англија во 15. век. Во тоа време имало сплеткарења, превари, отсечени глави- баш како и во приказната. Поточно, Ричард III имал печат со бела свиња. Шекспир напишал драма за тоа, претставувајќи го Ричард во многу лошо светло.

Алиса е библиската Ева

Авантурите на Алиса почнуваат во градината. Тоа идилично место потсетува на рајската градина. Алиса влегува во дупката на заецот, во свет кој во неа предизвикува неверојатни промени. Се чини дека оваа теорија е прилично логична: децата се невини, но кога Алиса влегува во дупката(го зема јаболкото) влегува во пубертетот, животот на возрасните и станува грешник.

Клучевите, вратата, гусениците се Фројдовски симболи

Кога теориите на Фројд станаа популарни ширум светот, се испостави дека приказната е полна со симболи. Обожавателите на Фројд успеале да ги видат симболите на вратите кои биле скриени зад завесите, како и клучевите со кои се отварале тие врати. Тука е и џиновската гусеница која изгледа како машкиот полов орган. Иако оваа теорија има смисла, таа не е поткрепена, затоа што луѓето тие симболи можат да ги видат насекаде ако ги бараат.

реклама

Америка е на раб на граѓанска војна, полицијата клекна пред демонстрантите

Read more

Објавено уште едно видео од бруталното однесување на полицијата кон Џорџ Флојд

Read more

Што се знае за полицаецот кој го уби Џорџ Флојд?

Read more

Мухамед Зекири со сопругата и ќерката се хоспитализирани со COVID-19

Read more

Книги

Предлог за читање: „Виенски гамбит“ – Анде Јанков

Read more

Џ.К. Роулинг најави нова книга за деца

Read more

#СедиДома и читај македонска поезија - Јосип Коцев

Read more
Животот на писателот Џ.Д. Селинџер и еден негов расказ

Животот на писателот Џ.Д. Селинџер и еден негов расказ

Read more

Магазин

СЗО: Возете велосипед, здраво е

Читај повеќе

Сопругата на Дерек Шовен бара да си го смени презимето во разводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Каролина Куркова ги споделува домашните рецепти за убавина

Читај повеќе

Светот пред 250 милиони години

Читај повеќе

Кога и како се прогласува крај на пандемија?

Читај повеќе

Лекот ибупрофен се тестира како терапија за COVID-19

Читај повеќе

За што лажат мажите кога станува збор за сексот?

Читај повеќе

Што другите луѓе мислат за вас според вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Што се знае за полицаецот кој го уби Џорџ Флојд?

Читај повеќе