За 2020 година

„Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски е „Роман на годината“

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски, со тајно гласање и со мнозинство гласови, е избран за „Роман на годината“ за 2020 година.

На конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, кој во организација на Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“ беше распишан лани на 15 декември и траеше заклучно со 15 јануари 2021 година, пристигнаа 41 роман.

Жири-комисијата којашто одлучуваше за наградата ја сочинува: писателката Оливера Николова (претседателка и минатогодишна лауреатка), поетот и универзитетски професор Зоран Анчевски, писателката и универзитетска професорка Калина Малеска, писателот Живко Гроздановски и претставничката на Фондацијата „Славко Јаневски“, новинарката Катерина Богоева.

Како што соопшти жири-комисијата, по неколкуте направени селекции од страна на жирито во финалето за наградата влегоа пет романи: „Лето во кое те нема“ – Петар Андоновски, („Или – Или“), „Суво мастило“, Владимир Илиевски, („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“, Владимир Јанковски, („Антолог“), „Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски, („Антолог“) и „Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, („Чудна шума“).

-Романот „Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски е впечатливо дело, оригинална иновација во македонската литература. Со исклучително занимлива колажна структура, базирана врз животна уверливост и многуслојност, оваа проза пулсира со ново преосмислување на човечките односи, перципирајќи го светот како единствена мрежа од концепти и судбини што се развиваат во перспективи и во меѓусебна корелација. Неколкуте приказни, соопштувани во лапидарни секвенци, го градат овој мозаичен роман ширејќи ја убедливо неговата првобитна поставеност, посочува жири-комисијата.

Јанковски изрази благодарност до фондацијата „Славко Јаневски“ за целиот ангажман околу доделувањето на наградата „Роман на годината“ зашто, како што рече, со сите активности поврзани со оваа награда успеваат да ја зголемат видливоста на романескната продукција во време кога литературата не е доволно застапена во јавната сфера.

-Ова особено важи за телевизиите, кои секојдневно нѐ бомбардираат со приказни за „исто за истото“, на кои под изговорот дека станува збор за важни теми за нашиот живот, постојано слушаме исти варијации на теми кои служат само за стерилни пресметки на политичките елити. Добрата литература се обидува да го направи спротивното. Таа во навидум црно-белата поставеност на нештата се обидува да ја даде нијансата на различност, да го постави животот надвор од поедноставувањето и стереотипот. Дел од романите кои беа во конкуренцијата за „Роман на година“ го прават токму тоа, ја истражуваат сложеноста на животот, укажувајќи на неговата суштинска амбивалентност, противречност и нијансираност. Затоа заслужуваат многу поголемо внимание од црно-бела слика што медиумите секојдневно ја претставува како наша реалност, изјави Јанковски.

Писателот Владимир Јанковски (Скопје, 1977 година) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во повеќе издавачки куќи. Автор е на книгите: „Невидливи љубови“ (роман,2015), „Вечно сегашно време“ (роман,2010), „Лицата на невидливиот град“ (заедно со Иван Блажев, фото-есеи, 2010), „Скопје со широко отворени очи“ (заедно со Иван Блажев, фото-есеј, 2008), „Огледало за загатката (2003, разговори со Влада Урошевиќ).

Владимир Јанковски за романот „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“ и бил македонски кандидат за наградата „Балканика“. За наградата „Балканика 2020“ беше кандидиран и на почетокот на годинава, со романот „Скриени желби, немирни патувања“.

Јанковски се занимава активно со книжевен превод. На македонски јазик превел повеќе книги, меѓу кои и од: Дубравка Угрешиќ, Миљенко Јерговиќ, Маргарет Атвуд, Мухарем Баздуљ, Ијан Мекјуан, Џон Фанте и др.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе