Скромниот Канте: Тивкиот борец кој ѝ донесе титула на Франција

Н’голо Канте, играч од средниот ред на репрезентацијата на Франција, еден од најдобрите играчи на светот, момчето кое речиси не прекинува со трчање кога и да е на теренот, но и момчето чија изјава многу ретко можете да пронајдете во медиумите.

27-годишниот Канте, во последните неколку сезони прерасна во убедливо најдобриот дефанзивен играч за врска во светот, притоа станувајќи и првиот играч кој две години последователно ја освојуваше Премиер лигата, со две различни екипи - најпрво историската титула со Лестер Сити, а потоа следната сезона и со Челзи.

Покрај тоа што е многу тешко да најдете негова изјава на порталите или во весниците, 168 сантиметри високиот Канте, познат е и како многу скромна личност и играч на кого, покрај неверојатните физички предиспозиции, заштитен знак му е насмевката.

Тој не сака да се става себеси во прв план, иако често е најдобар и најважен поединец во тимот, а колку е скромен можеби најдобро зборува фактот дека и понатаму, иако газдата на Лестер на сите играчи им подари скапоцено BMW, тој го вози својот стар Mini Moris.

Всушност, со огромната плата која ја заработува, може да си дозволи и авион, или кое било друго превозно средство, а тоа да не биде автомобил.

Дека навистина е таков каков што го опишуваат, можевме да се увериме и на ова Светско првенство, каде со Франција го освои најзначајниот трофеј и стана светски првак.

Не сакаше да ги прекинува соиграчите, кои наизменично се фотографираа со големиот пехар, ниту пак да се наметнува, туку мирно го чекаше својот ред, за на крај на „помош“ да дојде Н'зонзи.

Канте одигра турнир каков што веројатно и се очекуваше од него. Иако не беше играчот кој постојано беше во центарот на вниманието на теренот, тој вредно работеше и го држеше средниот ред „под конец“. Заедно со Погба, беа страшно дуо од средината на теренот, кои на крај своите феноменални партии ги крунисаа со трофеј.

Исто така, реномирани француски медиуми, пишуваат дека играчот со потекло од Мали не сакал да ја остави репрезентацијата на цедило, па финалето го играше со стомачен вирус, иако мораше да ја напушти играта во 55 минута, кога го замени токму Н’зонзи. 

Франција на крај славеше против Хрватска со резултат од 4:2 и го подигна големиот трофеј, за кој токму Канте е еден од најголемите „виновници“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе