Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја презеде одговорноста за елиминацијата на својата репрезентација од Полска во четвртфиналето на ЕвроБаскетот со 90:87. Лука најпрвин им се налути на судиите, а на прес-конференцијата на која си ја отвори душата откри дека се мачи со повреда, но и беше многу строг кон себе.

Словенците на полувремето имаа негатива од 19 поени, но со одлична игра во третиот период успеаја да направат пресврт и да поведат. Сепак, тоа не им помогна бидејќи во натпреварот се вратија и Полјаците, дојде до нов пресврт и на крајот победи Полска.
Дончиќ не можеше да им помогне на соиграчите во решавачките моменти бидејќи на три минути пред крајот на натпреварот ја доби петтата лична грешка и мораше да го напушти паркетот.
„Го изневерив мојот тим, ја разочарав сопствената земји кои нѐ поддржуваше. Ја преземам одговорноста. Морам да го прегледам овој натпревар и да се подобрам“, рече Дончиќ.
„Бев ужасен денеска и тоа е главната причина за нашиот пораз. Секоја чест за Полјаците, одиграа навистина одличен натпревар. Заслужија да победат“, додаде искрено Дончиќ.
На прашањето дали играл со повреда и колку е далеку од вистинската форма, тој рече:
„Не знам точно во проценти, но не бев 100%. Во третата четвртина примив и инекција. Се мачев со повредата во текот на целиот ЕвроБаскет“, откри словенечкото чудо, кој на крајот изјави дека дефинитивно ќе игра за репрезентацијата на неговата земја и во иднина.
Во полуфиналето Полска ќе игра против Франција, која пак беше подобра од Италија. Елиминацијата на Словенија значи дека кошаркарска Европа ќе добие нов шампион со оглед на тоа што Словењнците беа бранители на тронот. Интересни, трите најголеми фаворити за пехарот - Словенија, Србија и Грција - сите испаднаа.