Фит

Слабеење: Знаци дека губите мускулна маса, а не масти

18. декември 2018 - 12:27 | А.С.

Откако ќе почнете со интензивни тренинзи со цел да ја намалите телесната тежина, мора да водите сметка дали со вежбањето го топите салото или губите мускулна маса.

Слабеењето е тежок и макотрпен процес. Промената на прехранбените навики и воведувањето на режим на вежбање може сериозно да ви го смени начинот на живеење.

Обично целта е да се намали концентрацијата на масти во телото и да се зголеми мускулната маса, но плаот не се одвива секогаш како што сакаме.

Може да дојде до обратен распоред и да почнете да губите мускули, наместо масти, што може да биде опасно за вашето општо здравје.

Ова се најчести знаци дека губите мускулна маса, а не масти:

Исцрпеност

Од ден во ден чувствувате дека ви е сѐ потешко да ги изведувате вежбите, а почнувате и да размислувате целосно да го скокнете тренингот поради исцрпеност.

Прво ќе забележите дека губите сила во теретана. Тежината на тегови што ги кревате значително ќе се намали или нема да можете да правите ист број на серии како претходно.

Тешко извршување на секојдневните активности

Несоодветната исхрана може да доведе до намалување на мускулната маса што може да ја оштети функцијата на одредени мускулни групи.

Тоа обично се јавува поради недостиг на енергија и прекумерно вежбање.

Резултатот е тешкотии во извршувањето и на најосновните физички активности и брзо заморување.

Видливи масни наслаги

Ако напорно вежбате, а нема никаква промена на видливото масно ткиво, а има промена во тежината, тоа е најконкретен знак дека губите мускулно, а не масно ткиво.

Не забораајте дека слабеењето е маратон, а не спринт. Просечно би требало да губите по еден килограм неделно. На тој начин ќе слабеете здраво и нема да имате „јојо ефект“, односно нема за кратко време да ги вратите изгубените килограми.

Коментирај