Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Повремени врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот премин Стража. Намалена видливост поради појава на магла од 10 до 20 метри има на Попова Шапка и од 50 до 100 метри на планинските премини Ѓавато и Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.